Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан зборуваше за статусот на Герет Бејл.
Шпанските медиуми цело лето Бејл го преселуваат во други клубови.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Сепак, Зидан сега тврди дека Бејл нема да биде проблем и ако остане на „Бернабеу“.
„Неговото останување не е проблем. Не можам да кажам дека тој фудбалер проблем. Тој има договор со клубот и во овој момент е со нас, но во фудбалот се може да се случи. Морам да ги респектирам сите фудбалери, тој е со нас и е играч на Реал Мадрид. Неговата ситуација не се промени во однос на јуни“, изјави Зидан.
Ќе потсетиме Бејл е дел од тимот кој отпатува во Сад на припремите за новата сезона.
Велшанецот во медиумите најмногу се поврзува со Манчестер Јунајтед и Тотенхем, но тука се уште ПСЖ и Баерн Минхен.
„Кралевите“ имаат уште неколку желби кога во прашање е преодниот рок. Пред се тука е Пол Погба, но Манчестер Јунајтед тешко ќе го пушти својот најдобар фудбалер.