Дома Фудбал Зидан за судиите, ВАР и Гвардиола

Зидан за судиите, ВАР и Гвардиола

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан покажа дека ги заборавил случувањата од пред неколку дена на „Ел Класико“ кога неговиот тим се чувствуваше оштетен против Барселона.

„Кралевите“ имаа големи критики кон судиите и ВАР бидејќи сметаат дека биле оштетени за два недосудени пенали.


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


„Веќе се е завршено. Во принцип секој може да направи грешка. Но јас го поддржувам ВАР и тоа треба сите да го прават. Се разбира дека и технологијата може да се подобри. Сите знаеме дека ВАР е плус за фудбалот“, истакна Зидан.

Во недела Реал Мадрид го пречекува Атлетик Билбао во последниот меч за 2019 година.

„Треба да ја насочиме целата енергија на овој меч. Во нашата ДНК е да се бориме за сите трофеи се до самиот крај. Немаме приоритет за одреден трофеј, играме меч по меч во сите натпреварувања“, истакна Зидан.

Зидан го коментираше и Гвардиола, кој изјави дека негова голема желба била како играч да игра во ист тим со Французинот.

„Факт е дека двајцата не бевме соиграчи, но често игравме еден против друг. Секогаш го респектирав како фудбалер, а го респектирам и сега како менаџер. За мене Пеп е најдобриот менаџер во светот“, изјави Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Данците огорчени: Дали ВАР го уништува фудбалот?📷

Данците беа огорчени од судењето на Англичанецот Мајкл Оливер на синоќешниот осминафинален…