Дома Фудбал Зидан за скандалот со Бензема: Јас сум со него!

Зидан за скандалот со Бензема: Јас сум со него!

Карим Бензема ќе се најде пред суд откако беше обвинет дека бил соучесник во уцена на поранешен соиграч од репрезентацијата Матје Валбуена.

Бензема е осомничен дека бил дел од група која на Валбуена му барале 150.000 евра со цел да не ги објават снимките во јавноста од секс со непозната девојка.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


За ова денеска зборуваше и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој истакна дека во целост го поддржува својот напаѓач.

„Јас сум со него. Најважно е што тој е добро и да го игнорира тоа. Максимално е фокусиран на она што го сака, фудбалот и семејството.“ – изјави Зидан.

Не е познато кога Бензема ќе се појави пред судот, но извесно е дека мора да се пријави на повикот.

Поради овој скандал Бензема беше исфрлен од репрезентацијата на Франција и веќе неколку години не е дел од тимот кој го предводи Дешамп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е топката со која ќе се играат полуфиналето и финалето на ЕП: Директно е поврзана со ВАР собата

Компанијата „Адидас“ ја претстави топката „Fussballliebe Finale“ која ќе се користи во пол…