Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан денес се појави пред новинарите во пресрет на мечот со Алавес од 15-то коло во Примера.
„Кралскиот“ клуб утре во 13 часот му гостува на Алавес и сака да ја продолжи серијата од добри игри. Медиумите ги интересираше статусот на Винисиус Јуниор, кој не добива многу минутажа оваа сезона.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Винисиус нема да го напушти клубот. Имаме тим од 26 играчи, вистина е дека не играше многу во последно време, но ќе игра. Сега не е негово време, но би можело да биде наскоро“, истакна Зидан.
„Прооблем е што тука е уште еден играч – Родриго. Едноставно мора да биде спремен кога ќе добие шанса. На таа позиција го имаме и Азар. Винисиус тренира добро, исто како и претходната година, но сега имаме други фудбалери кои се во подобра форма“, објасни Французинот.