Холанѓанецот Ерик Тен Хаг се уште е тренер на Манчестер Јунајтед меѓутоа во јавноста на големо се пишува за негов отказ.
Германецот Томас Тухел важеше за еден од кандидатите да го наследи, но тој отпадна откако ја прифати понудата од Англија. Така во јавноста сега се појави ново име.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според последните информации, Џим Ретклиф сака на клупата да го доведе Зинедин Зидан кој и претходно се поврзуваше со клупата на англискиот гигант.
Сепак како што се наведува Французинот поставил два услови за раководството. Првиот е „добра комуникација“. Зидан не знае добро англиски, а бидејќи е важно еден тренер да има што подобра комуникјација со своите играчи клубот ќе треба да вложи дополнителни напори за тоа да му го овозможи.
Вториот услов кој Французинот го поставил бил целосна контрола врз трансфер политиката и доведувањето на нови играчи, односно побарал гаранции дека ќе му бидат доведени фудбалерите кои тои ќе сака да го засилат тимот.
Останува во наредниот период да видиме што ќе се случува, но Манчестер Јунајтед уште од заминувањето на Фергусон е во потрага по стратег кој ќе се покаже како вистински избор.