Дома Фудбал Зидан добива нов договор и поголеми овластувања

Зидан добива нов договор и поголеми овластувања

Зинедин Зидан со голем успех го води Реал Мадрид и стана еден од најуспешните тренери во историјата на „кралскиот“ клуб.

Поради тоа претседателот Флорентино Перез е спремен да му понуди нов договор до 2024 година, притоа Зидан да добие многу поголеми овласувања.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Ел Конфиденсијал“ објави дека Зидан ќе добие соработка на нови три години, но и проширени овластувања, па Французинот ќе учествува директно во бирање на нови фудбалери, а ќе има право и да бира кои фудбалери да се продаваат и на кои да им се продолжат договорите.

„Не можам да размислувам далеку во иднината. Може да потпишете и договор на 10 години, па утре да добиете отказ. Или да потпишете на една година, па да останете 10“, вели Зидан.

Автор: Петре Кузманоски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити и Тотенхем ќе се борат со Ливерпул за ѕвездата на Борнмут

Ливерпул, Манчестер Сити и Тотенхем покажуваат интерес за ѕвездата на Борнмут Антоан Семењ…