Герет Бејл беше јунакот во финалето во Лигата на Шампионите во кое Реал Мадрид го совлада Ливерпул со 3:1.
„Кралскиот“ клуб така успеа да дојде до третата последователна титула шампион на Европа, што тешко дека некој клуб ова ќе го повтори. Јунак во финалето беше Герет Бејл кој во игра влезе во второто полувреме и со два гола им донесе триумф на „Кралевите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Бејл беше разочаран што не го започна натпреварот и дури не сакаше да оди на загревање. Сепак, сите останаа без текст кога Велшанецот со одлични ножички го совлада Кариус за 2:1. Иако Зидан на необичен начин го прослави овој гол, на крајот не разговарал со Бејл.
Велшанецот по натпреварот изјави дека се уште не знае дали ќе остане во Реал Мадрид и дека конечната одлука ќе ја донесе пред почетокот на следната сезона. Исто така, еден од новинарите го праша Бејл дали Зидан му честиташе за фантастичниот гол и одличната игра, а тој само кратко одговори „не“.