Дома Фудбал Зидан во проблеми пред дербито – Модриќ го пропуштил денешниот тренинг!

Зидан во проблеми пред дербито – Модриќ го пропуштил денешниот тренинг!

Реал Мадрид во сабота гостува на „Ванда Метрополитано“ на натпревар против градскиот ривал Атлетико, а само два дена пред градското дерби тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го мачат проблемите со повреди на неколку важни фудбалери.

Последен во оваа низа е одличниот фудбалер од средината, Лука Модриќ. Хрватот го пропуштил денешниот тренинг, односно имал посебен тренинг во фитнес центарот на клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За разлика од Модриќ тренинг со соиграчите одработил Матео Ковачиќ, но сепак тој не е сеуште спремен за големи напори и скоро сигурно ќе го пропушти саботното гостување.

Но, тука не е крајот на проблемите за Реал, тие за овој натпревар не можат да сметаат ниту на Кејлор Навас и Герет Бејл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го декласираше Сосиедад, но навивачите на Кралскиот клуб зборуваат само за она што утрово го направи Модриќ

Иако Реал Мадрид оваа сезона не покажува извонреден настап, тимот на Алваро Арбелоа изглед…