Дома Фудбал Италија „Земјотрес“ во Рим: Тоти ја напушта Рома?

„Земјотрес“ во Рим: Тоти ја напушта Рома?

Легендата на италијанската Рома, Франческо Тоти може да го напушти клубот, откриваат медиумите на Апенините.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тоти не е задоволен бидејќи нема да ја добие работата спортски директор, која смета дека му припаѓа по заминувањето на Мончи, па најавил заминување од клубот.

Нов спортски директор на Рома веројатно ќе биде Џанлука Петраки додека на Тоти му е понудено да биде технички директор и на тој начин да соработува со него.

Но, очигледно Тоти ја одбил таа понуди и се огласи на Фејсбук и веројатно најави негово заминување, барем така изгледа пораката која ја остави.

„Во овој момент многу е кажано и напишано. Ќе се обидам да ги откријам моите мисли и она што сакам да го направам. Наскоро ќе ви ја кажам мојата страна на приказната“, порача Тоти.

Еминентната „Газета дело Спорт“ тврди дека Тоти е многу блиску од заминување од клубот и дека во следните денови официјално ќе ја соопшти својата одлука.

Тоти е жива легенда на Рома каде помина цели 25 години и запиша повеќе од 600 настапи за „волчицата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Како ФИФА ја изгуби контролата и Светското првенство го претвори во грабеж на навивачите

Со приближувањето на стартот на Светското првенство, дознаваме дека врвните функционери на…