Дома Топ вести „Земјотрес“ во Мадрид: Реал го продава Асенсио, позната и цената

„Земјотрес“ во Мадрид: Реал го продава Асенсио, позната и цената

Марко Асенсио е миленик на фановите на Реал Мадрид и еден од најголемите таленти во светскиот фудбал. Оваа сезона требаше да биде негова, но Шпанецот се мачи заедно со целиот тим.

Шпанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Реал Мадрид е спремен да го продаде Асенсио во јануарскиот преоден рок, и тоа за 100 милиони фунти.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


22-годишниот фудбалер не ги оправдал очекувањата и не се промовирал во лидер на овој тим на Реал после заминувањето на Роналдо.

Ваквата информација ги „алармира“ премиерлигашите кои се спремни да ја платат споменатата сума за да го донесат Асенсио во своите редови.

Ливерпул, Челзи и Манчестер Јунајтед се клубови кои во моментов покажуваат најсилен интерес за неговиот потпис, но не се исклучува во трката да се вклучат ПСЖ и Манчестер Сити.

Информацијата за продажбата на Асенсио ја пренесе „Марка“, весник близок до „кралскиот“ клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…