Лионел Меси е убедливо најголемата ѕвезда во МЛС лигата, а доказ за тоа е и разликата во плати со останатите фудбалери.
Сепак звучи неверојатно тоа што Меси ќе заработи повеќе од сите фудбалери во 22 клуба во лигата, а ги има 28.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меси ќе заработи 19 милиони евра, додека за првото место во регуларниот дел од сезоната Интер Мајами ќе добие вкупно 41.7 милиони долари и тоа е најмногу во лигата.
Торонто (31,8 милиони), Лос Анџелес Галакси (22,1 милиони), Лос Анџелес (22 милиони), Нешвил (21,9 милиони), Синсинати (21 милиони) и Хјустон (20,5 милиони) се клубовите кои ќе добијат повеќе пари од Меси.
Така Меси сам ќе заработи повеќе од збирот на платите на сите фудбалери во 22 клуба. Зад Меси на листата на најплатени во МЛС се Серхио Бускетс со 8.5 милиони по сезона и Лоренцо Инсиење со 7.5 милиони евра.