Дома Фудбал Италија Звонимир Бобан го изгуби судскиот спор, мора на Милан да му врати 1,2 милиони

Звонимир Бобан го изгуби судскиот спор, мора на Милан да му врати 1,2 милиони

Легендарниот хрватски фудбалер, Звонимир Бобан го загуби судскиот спор против својот поранешен клуб Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бобан го тужеше италијанскиот клуб откако минатата година доби отказ од местото директор. Судот во Милано првично донесе одлука клубот да му исплати 5.375.000 евра.

Меѓутоа, Милан се жалеше на таа одлука, а судот ја намали казната за околу 4,2 милиони евра, па сега Бобан мора да врати 1,2 милиони од разликата која му е веќе исплатена, пренесуваат италијанските медиуми.

Потсетуваме, Бобан не се согласуваше со челниците на клубот и тоа јавно го соопшти во интервју на „Газета дело Спорт“, а потоа доби отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Џака не можеше да молчи по поразот: Навистина ли сакате да го кажам тоа!?

Швајцарците се бесни по испаѓањето од Аргентина на Светското првенство. Вториот жолт карто…