Дома Фудбал За три години заработија 300 милиони, сега можат уште 120

За три години заработија 300 милиони, сега можат уште 120

Севиља е вистинска машина за пари, ова лето би можела да заработи огромна сума на пари.

Голем интерес за фудбалерите на Севиља постои и ова лето. Тоа го призна и новиот спортски директор на Севиља, Оскар Ариас, кој вели дека постои интерес за пет играчи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Витоло, Н`Зонзи, Рами, Серхио Рико и Ибор се играчите кои се најбарани во моментов, а за нив, Севиља би можела да заработи околку 120 милиони евра.

За Витоло е заинтересиран Атлетико Мадрид, 40 милиони е неговата откупна клаузула, цената за Н`Зонзи е иста како и на Витоло, за Рами има понуда од 6 милиони од неколку клубови, како Кристал Палас и Марсеј, а неколку премиерлигашки клубови покажаа интерес за Ибор и Рико, па Севиља би можела да заработи повеќе од 100 милиони евра од продажба на играчи оваа година.

Интересно е тоа што претходните три години, Севиља успеа да заработи ококлу 300 милиони евра, а дополнителните 120 милиони само би ја надополниле касата на клубот од Андалузија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…