За него авантурата во Челзи изгледа заврши.
Веќе со денови се шпекулира дека Сеск Фабрегас би можел да го напушти Челзи до крајот на овој месец бидејќи договорот му истекува за шест месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што стојат работите, Шпанецот изгледа вчера го одигра последниот натпревар во „синиот дрес“.
Челзи одигра 0:0 против Саутемптон на својот стадион, а по завршувањето на натпреварот Фабрегас со аплауз се прости од навивачите.
Англиските медиуми наведуваат дека сосема е јасно дека ова беше негово простување, но знаеме дека сликата зборува повеќе од 1.000 зборови…
#Fabregas made a point of applauding the fans after #cfc’s dull 0-0 draw with Southampton. If this was his farewell, he deserved to go out on a much better note. pic.twitter.com/zkmKPzf1V4
— Simon Johnson (@sjstandardsport) January 2, 2019
Според последните информации Фабрегас кариерата ќе ја продолжи во Монако.