Дома Фудбал Англија За да ја добие титулата на Ливерпул му требаат уште 13 гласа

За да ја добие титулата на Ливерпул му требаат уште 13 гласа

Ливерпул има сезона за паметење во Премиер лигата и е на чекор после цели 30 години да ја врати титулата на „Енфилд“.

Меѓутоа, сега сезоната во Премиер лигата е во прекин поради епидемијата со коронавирусот и  не се знае кога и дали ќе продолжи.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Ливерпул во моментов има 25 бода предност, но судбината на „црвените“ би можела да зависи од останатите 19 екипи во Премиерлигата. Управата на првенството се консултира со екипите за да најде решение за крај на сезоната, ако таа не може да продолжи во нормални услови.

Една од опциите ќе биде да заврши првенството според сегашната табела, за таа одлука ќе гласа сигурно Ливерпул, но за тоа им требаат уште гласови на 13 екипи.

Дури 14 од 20 тимови во Премиерлигата мора да гласаат за завршување на сезоната според сегашниот пласман, а доколку тоа не се случи, ќе треба да се разгледаат други опции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…