Бурни реакции во фудбалската јавност вчера предизвика голот на Де Брујн за изедначување против Реал Мадрид.
Дефинитивно топката излезе во аут непосредно пред голот на Белгиецот, меѓутоа шпанскиот судија Итуралде Гонзалес објаснуваше дека ВАР не можел да реагира затоа што станувало збор за нова акција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да топката излезе во аут, но таа акција не се важеше затоа што Реал преку Камвинга го врати поседот, па ја изгуби топката. Тогаш Сити започна нова акција, поради тоа ВАР не можеше да се вклучи во проверката на голот. Друго ќе беше ако Камвинга не играше со топката и не ја прекинеше акцијата, тогаш судијата ќе можеше да гледа ВАР“, објасни Гонзалес.
Сега се огласи и поранешниот тренер на Арсенал, а за директор за развој на фудбалот во ФИФА, Арсен Венгер. Венгер е убеден дека морало да има реакција.
„ВАР мораше барем да провери дали голот е регуларен. Во таква ситуација мора да има реакција“, изјави Венгер.