Дома Фудбал Репрезентации “Засилување“ за Аргентина пред Светското првенство

“Засилување“ за Аргентина пред Светското првенство

Селекцијата на Аргентина не го дочекува во добро расположение Светското првенство во Русија.

Јавноста во оваа земја е незадоволна од начинот на кој селекцијата ја води Сампаоли, а последниот пораз од Шпанија (6:1) во Мадрид посебно ги заболе.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Раководството на аргентинскиот Сојуз на сите начини се обидува да ја смири екипата. Така одлучиле во Русија како засилување на стручниот штаб да патува и поранешниот репрезентативец на оваа земја Пабло Аимар.

Поранешниот фудбалер на Валенсија, Бенфика и Ривер Плата е добар пријател на првата ѕвезда на тимот Лионел Меси.

Сега ќе има прилика со него да соработува во стручниот штаб. Аимар работеше со националниот тим на натпреварите против Италија и Шпанија, а сега службено е именуван за еден од помошниците на Сампаоли.

Аимар моментално ја има улогата селектор на У17 селекцијата на Аргентина, а во текот на кариерата дресот на Гаучосите го облече 52 пати и постигна осум голови.

Аргентина на Мундијалот во Русија во групната фаза ќе игра против селекциите на Исланд, Хрватска и Нигерија, а првенството го започнува на 16. јуни со дуелот против Исланд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…