Дома Топ вести Започнува реконструкцијата на Барса – еве кој доаѓа на „Камп Ноу“

Започнува реконструкцијата на Барса – еве кој доаѓа на „Камп Ноу“

0

Барселона има шанси да ја заврши сезоната со двојна круна во Шпанија, сепак останува горчлив вкус кај Каталонците потади елиминацијата во Лигата на шампиони.

Лигата на шампиони останува главен приоритет за Барселона и за следната сезона, но раководството се спремна да направи темелна реконструкција на тимот во летниот преоден рок.

Каталонците сигурно ќе донесат еден стопер со оглед на фактот што Верманен заминува, а иднината на Умтити на „Камп Ноу“ не е сигурна. На списокот се наоѓаат двајца дефанзивци – Клемонт Ленгле од Севиља и Матијас де Лихт од Ајакс.

Де Лихт има само 18 години, веќе дебитираше за холандската репрезентација и е најбараниот млад дефанзивец во Европа. Ленгле пак има одлична сезона во Севиља, веќе добро ја позната Примера, а има и добро искуство во Европа.

Покрај Де Лихт во Барселона може да пристигне уште едно засилување од Ајакс, а станува збор за Франк де Јонг. Тој е играч кој игра на иста позиција како Бускетс и скаутите веќе дале залено светло за негов ангажман.

Притоа, Барселона веќе го договори плејмејкерот на Гремио Артур. Бразилецот чини 30 милиони евра, а на „Камп Ноу“ доаѓа како замена за Андрес Иниеста.

Најголемото засилување за Каталонците треба да пристигне во нападот, а тоа е Антоан Гризман. Медиумите се сигурни дека овој трансфер е веќе договорен и дека Барса ќе ја активира клаузулата од 100 милиони веднаш по завршувањето на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо и Јувентус – се „јави“ и Мурињо!

Чудно беше и што досега немаше негов коментар на најголемиот трансфер ова лето до овој мом…