Дома Фудбал Италија Заниоло ја шокира Рома

Заниоло ја шокира Рома

Ѕвездата на Рома, Николо Заниоло побара сериозно зголемување на платата за да потпише нов договор со „волчицата“, пренесуваат италијанските медиуми.

Актуелниот договор на 23-годишниот Италијанец му истекува во 2024 година, па Рома сака што побрзо да ја продолжи соработката, бидејќи Заниоло на лето влегува во последната година од договорот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Силен интерес за Заниоло покажуваат Јувентус, Милан и Тотенхем, па поради тоа играчот бара големо зголемување на платата.

„Газета дело Спорт“ открива дека понудата на Рома била 3,5 милиони евра по сезона, но Заниоло експресно ја одбил. Тој бара да биде меѓу најплатените фудбалери во тимот и бара плата од минимум 5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ даде понуда од 55 милиони за ѕвездата на Барселона. Каталонците одбија и бараат повеќе

ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН испрати официјална понуда за играчот од средниот ред на Барселона, Френки …