Дома Фудбал Останато „Заинтересирани бевме за Ибра ама постави „боговски“ услови“

„Заинтересирани бевме за Ибра ама постави „боговски“ услови“

Поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес во програма за германската РТЛ телевизија откри дека пред неколку дена воделе преговори за доведување на Златан Ибрахимовиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хенес не откри во кој период Баерн сакал да го доведе Ибрахимовиќ, но интересот се изгубил кога Ибра ги поставил условите.

„Тој е голем играч, но условите кои ги постави беа „боговски“. Бевме заинтересирани, меѓутоа не можевме да му излеземе во пресрет“, изјави Хенес за РТЛ

Ибрахимовиќ оваа година ќе го прослави 40. роденден меѓутоа и понатаму игра на највисоко ниво. Во богатата кариера покрај Милан каде што игра сега беше член на Малме, Ајакс, Јувентус, Барселона, Интер, Манчестер Јунајтед и ЛА Галакси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Никој во групата на Мундијалот нема да патува повеќе од Босна!

Престојното Светско првенство во фудбал ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, што значи де…