Јирген Клоп ќе замине на крајот од сезоната од Ливерпул, тоа е веќе потврдено, меѓутоа со него може да замине и фудбалерот кој пристигна во 2016 година.
Имено, Жоел Матип е повреден и нема да се врати на терените, па така нема да има можност да се избори за нов договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На 32-годишниот дефанзивец не му оди во полза ниту заминувањето на Клоп бидејќи Германецот имаше желба за продолжување на соработката, но тоа повеќе не е пресуден фактор.
Матип во дресот на Ливерпул одигра повеќе од 200 натпревари во кои постигна 11 голови и запиша шест асистенции.