Денвер и Далас забележаа победи изминатите вечер, но Дончиќ и Јокиќ не одиграа натпревари на какви што не навикнаа во претходниот период.
Дончиќ, иако дојде до двоцифрена бројка со 21 поен, додаде само уште девет асистенции и три скока, такаа за него заврши серијата од седум трипл-дабли учиноци. Сепак, неговиот тим, Далас, лесно го победи Голден Стејт Вориорс со 109:99. Во средината на последната четвртина, Дончиќ излезе од игра поради повреда, засега нема информации дека станува збор за нешто сериозно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јокиќ беше четвртиот стрелец на Денвер во победата против Мајами со 100:88. Српскиот кошаркар постигна само 12 поени, додавајќи 14 скока и шест асистенции. Мајкл Портер Јуниор ги постигна најмногу поени за Нагетс (25), додека на другата страна, Бам Адебајо беше најдобар за домашниот тим со 17 поени и 13 скока.
Што се однесува до рекордите за трипл-дабли, Јокиќ остана на 21 во сезоната, додека Дончиќ има 18.
Лидер во таа категорија е Домантас Сабонис со 23 трипл-дабли сезонава. Со 17 поени, 19 скока и 10 асистенции, Литванецот ги предводеше Сакраменто Кингс до победата над ЛА Лејкерс со 120:107.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Торонто 113-104, Орландо – Бруклин 114-106, Индијана – Чикаго 129-132 (продл), Мајами – Денвер 88-100, Мемфис – Шарлот 98-110, Њу Орлеанс – Клилвнед 95-116, Далас – Голден Стејт 109-99, Портланд – Атланта 106-102, Сакраменто – ЛА Лејкерс 120-107.