Дома Македонски спорт Заврши карантинот од 14 дена за Љама и Јанески

Заврши карантинот од 14 дена за Љама и Јанески

Нашите сениорски репрезентативци Гоце Јанески и Јасин Љама од  денеска се во задолжителна домашна самоизолација, периодот на 14. дневен карантин заврши, по испитувањата потврдено е дека и двајцата се негативни на Ковид-19.

Јанески и Љама на почетокот од март настапија на олимпискиот квалификациски турнир во Лондон,  по само два дена од почетокот на натпреварите,  турнирот беше прекинат од страна на организаторите поради пандемијата од коронавирусот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Репрезентативците Јанески и Љама поради проблемот со затворените аеродроми на 29 март се вратија во Скопје, голема помош боксерската федерација на Македонија имаше од нашите Амбасади во Лондон и Софија како и од Генералниот секретар на Владата на Македонија, Д-р Драги Рашковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…