Њукасл е новиот англиски клуб кој ќе оди во рацете на пребогатите арапски шеици и тоа во семејството на Бин Салман! Од попладнево на Островот на големо се пишува дека продажбата е скоро завршена и Мајк Ешли од продажбата ќе инкасира 390 милиони евра.
Зад купувањето на Њукасл стои Мохамед Бин Салман еден од најбогатите луѓе во светот. Саудискиот принц претходно се споменуваше како можен купувач на некој премиерлигаш. Прва опција беше Манчестер Јунајтед, но семејството Глејзер и понатаму не сака да го продаде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно постигнат е договор за купување на 80% од акциите на клубовите, 10 ќе бидат во сопственост на ПЦП Капитал Груп, а преостанатите 10 на британските бизнисмен браќата, Рубен.
Салман е познат како човек кој не штеди, неодамна купи јахта од 450 милиони евра, дворец во франција за 250 милиони евра и слика од Леонардо Да Винчи за 400 милиони евра. Тој во своја сопственост има кралско богатство кое се проценува на 1.3 трилиони евра!