Жером Боатенг кариерата ја продолжува во Салернитана.
Поранешниот ас на Баерн Минхен е слободен фудбалер откако го раскина договорот со Лион и прифати краткорочна соработка со Салернитана до крајот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во периодот додека го носи дресот на клубот кој се бори за опстанок во елитното италијанско друштво ќе заработи 400.000 евра.
Боатенг имаше неуспешна сезона во Манчестер Сити каде што стигна летото 2010 година од Хамбург, потоа дури десет сезони беше дел од Баерн Минхен (од 2011 до 2021).
По напуштањето на Баерн се пресели во Лион како слободен играч, меѓутоа сега го раскина договорот со францускиот клуб. Боатенг има 35 години и за репрезентацијата на Германија играше од 2009 до 2018 година.