Дома Фудбал Англија Жозе Мурињо не гледа залудно толку често во часовникот

Жозе Мурињо не гледа залудно толку често во часовникот

Жозе Мурињо добро ја започна својата авантура на клупата на Тотенхем, иако можеше и повеќе од моменталната позиција на табелата.

Тотенхем е без победа на последните четири натпревари и поради тоа падна на петото место на табелата, што е фрустрирачки за Португалецот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сега на социјалните мрежи се појавија интересни статистички податоци за резултатите на Тотенхем во сезона 2020/21. Имено, Спарси загубиле дури девет бода во последните 10 минути од натпреварите, па Специјалниот може да се забележи како често гледа кон часовникот.

Доколку натпреварите се играле 80. минути, тогаш дефинитивно екипата на Мурињо ќе беше лидер на табелата, па Португалецот во продолжение на сезоната ќе мора со играчите да пронајде решение за тој проблем.

Во ремито вчера против Волвс (1:1), Тотенхем на пет минути пред крајот прими погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Капело: Не можев да заспијам цела ноќ, ова е најголемата трагедија во историјата на Италија

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, како и повеќето Италијанци, е во шок. Видно …