Дома Фудбал Англија Жиру: Повеќе сакам да седам на клупа во голем клуб, отколку да играм секој викенд во помал

Жиру: Повеќе сакам да седам на клупа во голем клуб, отколку да играм секој викенд во помал

Францускиот напаѓач, Оливие Жиру на почетокот на оваа година пристигна во Челзи од редовите на Арсенал, но баш и не се наигра на „Стенфорд Бриџ“.

Жиру после неколку солидни сезони одлучи да замине од Арсенал и да потпише за еден од најголемите ривали на овој клуб и навивачите на „Емирати“ тешко ќе му простат. Французинот дојде како засилување во нападот, но баш и не се прослави кога се головите во прашање.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Исто така Жиру е повеќе резерва кај Сари и предност во однос на него има Алваро Мората, но тоа што седи на клупа не му пречи премногу. Францускиот напаѓач сега порача дека повеќе сака да седи во клупа во голем клуб отколку да биде стандарден во помал клуб.

„Повеќе сакам да седам на клупата на голем клуб отколку да играм секоја недела во некој клуб со помал клуб. За мене е сон да ја освојам Премиер лигата и се надевам дека ќе го остварам со Челзи. Имаме одличен тим и верувам во успех“, изјави Жиру.

https://www.youtube.com/watch?v=CTsQL6M1TQU

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…