Потресната животна приказна на поранешниот херој на Арсенал, Емануел Ебуе, набрзо се рашири низ целиот дел од свет и апсолутно никој не можеше да остане рамнодушен.
Накратко, сопругата на Ебуе од која се разведе му одзема се, мора да се крие од полицијата и извршителите, раздвоен од трите свои деца кои не ги видел од јуни оваа година, пати после смрта на неговиот дедо, како и загубата на неговиот брат во собраќајна несреќа…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако оваа вест експресно се прошири реагираше тренерот на Галатасарај, Фатих Терим. Како што пренесуват сите турски медиуми, Терим го повикал Ебуе во Галатасарај да работи како помошник тренер на младинските категории на овој клуб. Секако, Ебуе со двете раце ја прифатил оваа понуда и така неговиот живот полека ќе започне да се враќа во нормала.
„Веста за тоа како живее Ебуе ја слушнавме во соблекувалната после натпревар. Морав да реагирам“, изјави Терим после победата на Гозтепе.
„Навистина сум многу среќе што ќе соработувам повторно со Терим. Фатих Терим ми е како татко, многу го сакам и се би направил за него“, изјави Ебуе.