Езгјан Алиоски вчера беше промовиран во екипата на Фенербахче каде што пристигнува од Саудиска Арабија.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Денес за турските медиуми тренерот на Фенербахче, Жорге Жесус изрази задоволство што во новата сезона ќе го има на располагање македонскиот репрезентативец.




„Добивме нов фудбалер во тимот, во Алиоски, кој е добар фудбалер и секогаш е добро кога ќе добиете квалитетен играч во вашиот тим. Сѐ уште детално не сум разговарал со него, но набрзо ќе имаме состанок за сите планови за во иднина“, изјави Жесус.




Алиоски ќе потсетиме во Саудиска Арабија помина една сезона и си замина откако тимот на Ал Ахли за кој настапуваше одигра катастрофална сезона и испадна во втората лига во оваа земја.