ПСЖ во неделата го разби Монако со победа од 7:1 и така ја потврди новата титула на Франција, а додека играчите на клубот од Париз ја славеа титулата нивната најголема ѕвезда Нејмар со пријателите играше покер.
Бразилецот се опоравува од повредата и го користи времето така што го поминува со своите пријатели од детството. Сепак, јасно е дека мораше да биде присутен во неделата во Франција и заедно со своите соиграчи да го прослави освојувањето на титулата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За таквиот потег страшно му замери Кристов Дугари, поранешниот напаѓач на Милан и Барселона и фудбалер кој со Франција стигна до титулата европски и светски шампион.
„Не можам да верувам што тоа момче прави. Место да дојде и да им даде поддршка на своите соиграчи тој на друштвените мрежи објавува фотографии како со пријателите игра покер. Несфатливо ми е таквото однесување“.
„Му доделија улога на лидер, му овозможија се што бараше, а тој сметаше дека не треба да се појави на славењето. Не ми е јасно зошто клубот го одобрува неговото однесување. Ме интересира како Нејмар ќе ги погледне соиграчите во очи после ваквото понижување кое им го направи. Плукна по клубот. Него не му е важен ПСЖ. Да беше играч на Барселона и ваква работата да се случешем верувајте ми и тоа како ќе се појавеше на прославата“.
„Никогаш не ми биле јасни играчите кои се грижат само за себе и не ги интересира тимот. Фудбалот е колективна игра и само играта како тим може да донесе успех. Никогаш ниту еден индивидуалец, колку и да е добар, не може сам ништо да направи. И на крајот некои луѓе мислат дека ПСЖ со таков став може да ја освои Лигата на шампионите. Смешно“, заврши француската легенда.
Dugarry on Neymar:
"PSG give him the role of leader and he doesn't even come to share the win? How can he look his teammates in the eye when he behaves that way? He's spitting on the club. I think it's outrageous." pic.twitter.com/0RyWpONMdB
— Transfer News (@TrustyTransfers) April 17, 2018
Dugarry attacca Neymar: "E' un egoista! Sta spuntando sul PSG" https://t.co/ICpE0Ll6Ah #Curiosità #Ligue1 #Notizie
— Mediagol Palermo (@Mediagol) April 17, 2018