Дома Фудбал Жестоки критики за Винисиус поради овој потег: Треба да му удри шлаканица

Жестоки критики за Винисиус поради овој потег: Треба да му удри шлаканица

Реал Мадрид победи со 2:1 кај Брага во 3. коло од Лигата на шампионите. На овој натпревар од португалските навивачи беше нападнат Винисиус Јуниор, најголемата ѕвезда на мадридскиот тим.

Винисиус, 23-годишниот кој имаше две асистенции и беше прогласен за играч на натпреварот, непотребно почна да ја прескокнува топката. Тој стоеше мирно и ја прескокнуваше топката додека противниците гледаа во него, а навивачите го навредуваа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Тоа не е расизам, но тој заслужува шлаканица бидејќи е кловн. Овие потези се непотребни и бесмислени на фудбалскиот терен“, напиша на Твитер членот на управата на Барса, Микел Кампс, а подоцна ја избриша објавата.

Во одбрана на бразилскиот фудбалер застана шпанскиот коментатор Оскар Переиро.

„Не ми се допаѓа тоа што го прави, но тој не прекршува никакви правила. Ако сака да го направи тоа, може“, рече Переиро, а соиграчот на Вини, Родриго, ја нарече објавата на Кампс срамна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историска катастрофа за Тотенхем: Ова им се случува првпат во 144 години постоење!

По убедливата>победа на Вест Хем над Волвс со 4:0 во 32. коло од Премиер лигата, Тотенхем …