Се појасно станува дека Еден Азар наредната сезона нема да биде играч на Челзи.
Имено, „Индепендент“ дојде до информации дека поради нефлефксибилноста во преговорите со Челзи, односно Марина Грановскаја Белгиецот порачал дека ќе поднесе официјално барање за трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога ќе дојде до такво нешто многу често се завршува с трансфер. Имено, навивачите се вратат против играчот дури и ако остане, па за сите на крајот е најдобро да се заврши со трансфер.
Исто така на овој начин (со барање за трансфер) играчот не го добива оној бонус за потпишување на договорот, иако тоа може да се надополни во преговорите за висина на платата.
Ова обично е последна мерка и закана на менаџерот на клубот. Со тоа се служеа Бејл, Модриќ, претхододно Бекам и Алонсо…
Но, дали тоа значи дека Челзи ќе треба да ја намали цената?
Веројатно, тие и понатаму бараат повеќе од 100 милиони евра, но би можеле да бидат повеќе флексибилни во поглед на бонусот и динамиката на плаќање.
Како и да е, договорот на Азар истекува за 12 месеци и Челзи не може да очекува дека некој ќе плати астрономска сума, дури иако се работи за еден од најдобрите играчи во светот.
Ниту тоа што Челзи обезбеди место во Лигата на шампионите наредната сезона не значи ништо, едноставно тој сака во Реал кај Зидан и изгледа дека на крајот и ќе дојде до договор.