Дома Останати Жената која стои зад успехот на Мекгрегор: Му била најголема мотивација кога добивал 188 евра месечно

Жената која стои зад успехот на Мекгрегор: Му била најголема мотивација кога добивал 188 евра месечно

conor

Поранешниот УФЦ шампион Конор Мекгрегор изгледа арогантно, но неговата љубовна приказна сигурно ќе натера да покажете почит.

Неодамна Конор беше поразен од Кабиб Нурмагомедов и се доби впечаток дека голем дел од јавноста го мрази поради неговиот настап пред борбата и навредите кон Дагестанецот, но Ирецот зад себе има поучна животна приказна.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веројатно сите знаете дека во минатото Конор бил водинсталатер, дека живееле далеку од центарот на Даблин во мал изнајмен стан и месечно добивал по 188 евра, колку што добиваат невработените луѓе во Ирска.

Неговата најголема опсесија секогаш биле борбите, вредно тренираше и по малку се пробиваше кон врвот. Многу не веруваа во Конор, но не и неговата девојка Деа Давилен.

„Верував дека ќе бидам шампион и Деа исто така. Веруваше во мене. И покрај недостатокот на пари секогаш се трудеше да ми спреми нешто здраво да јадам, се трудеше да го одржам дневниот режим. Таа целосно се посвети на тоа. Враќајќи се дома после напорниот тренинг секогаш ми зборуваше: Конор, во ред е, го можеш ти тоа“, откри Ирецот.

Познатата изрека гласи: Зад успешниот маж стои жена. Но, ако зад себе имате жена каква што има Конор оваа изрека добива дополнителна тежина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Во терористичкиот напад во Москва била убиена и репрезентативка на Русија

На 22 март во Москва се случи терористички напад во кој според досега собраните информации…