Дома Фудбал Италија Еуфорија и единствена порака за Роналдо: Донеси ни ја Лигата на шампионите (фото+видео)

Еуфорија и единствена порака за Роналдо: Донеси ни ја Лигата на шампионите (фото+видео)

Кристиано Роналдо ја започна својата нова авантура во кариерата.

Вчера на традицијалниот натпревар помеѓу младинскиот и првиот тим на Јувентус во Вилар Пероза кој заврши со победа на првиот тим со 5:0, Роналдо го постигна и првиот гол во дресот на „старата дама“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


На Роналдо му беа потребни само осум минути да го постигне својот првенец (неофицијален) во црно-белиот дрес.

Поради дебито на 33 годишниот Португалец платен повеќе од 100 милиони евра малото место беше преплавено со фанови на италијанскиот шампион, а фановите имаа една желба: Роналдо, донеси ни ја Лигата на шампионите“.

Натпреварот беше прекинат во 72-та минута поради традиционалното втрчување на навивачите на терен, играчите делеа автограми додека, на повратникот во тимот Леонардо Бонучи му остана само долниот веш.

Младинците последен пат го совладаа првиот тим на Јувентус во 2005 година.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Капитенот на Србија удри по Пикси: Да беше Пауновиќ тука, немаше да изгубиме од Албанија!

Филип Костиќ, капитенот на фудбалската репрезентација на Србија во натпреварот против Англ…