Дома Фудбал Репрезентации ЕУРО 2020: Италија – Манчини ја врати вербата во селекцијата која е во одлична форма

ЕУРО 2020: Италија – Манчини ја врати вербата во селекцијата која е во одлична форма

Eвропското првенство е се поблиску, па така од денес ќе почнеме да ви ги претставуваме селекциите кои ќе се натпреваруваат овој континенталчен собир на кој ќе дебитира и Македонија.

Ќе започнеме со репрезентацијата на Италија.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Составот на Италија за ЕУРО 2020 беше објавен пред сите останати селекции, а Манчини во него вметна дури 33 фудбалери. Ова ќе мора да се намали на 26 играчи пред последниот рок за поднесување на составот на 1-ви Јуни 2021 година.

Составот е составен пред се од фудбалери кои играат во Серија А, а Роберто Манчини го искористи максимумот од она што го имаше на располагање, вклучително и неколку дополнителни играчи кои се надеваат дека ќе добијат шанса.

Еден голем пропуст според сите европски и светски фудбалски експерти е Емерсон Палмиери, кој и покрај тоа што не беше секогаш во составот на Челзи, сепак беше стандарден во составот на Италија под водство на Манчини. Челзи ќе игра во финалето на Лигата на шампионите на 29-ти мај, а Емерсон може да се најде во составот во последен момент и тоа не би требало да биде големо изненадување.

Тимот на Италија за Еуро 2020:ГК: Салваторе Сиригу (Торино)

Г: Џанлуиџи Донарума (Милан)

Г: Алесио Крањо (Каљари)

Г: Алекс Мерет (Наполи)

Д: Џорџо Киелини (Јувентус)

Д: Леонардо Бонучи (Јувентус)

Д: Алесандро Флоренци (ПСЖ)

Д: Франческо Ацерби (Лацио)

Д: Леонардо Спиназола (Рома)

Д: Кристијано Бираги (Фиорентина)

Д: Џовани Ди Лоренцо (Наполи)

Д: Џанлука Манчини (Рома)

Д: Алесандро Бастони (Интер)

Д: Мануел Лазари (Лацио)

Д: Рафаел Толој (Аталанта)

С: Брајан Кристанте (Рома)

С: Марко Верати (ПСЖ)

С: Николо Барела (Интер)

С: Лоренцо Пелегрини (Рома)

С: Мануел Локатели (Сасуоло)

С: Стефано Сенси (Интер)

С: Гаетано Кастровили (Фиорентина)

С: Матео Песина (Аталанта)

С: Федерико Бернардески (Јувентус)

С: Матео Политано (Наполи)

С: Винченцо Грифо (Фрајбург)

Н: Андреа Белоти (Торино)

Н: Чиро Имобиле (Лацио)

Н: Лоренцо Инсиње (Наполи)

Н: Федерико Киеза (Јувентус)

Н: Доменико Берарди (Сасуоло)

Н: Моиз Кин (ПСЖ)

Н: Џкомо Распадори (Сасуоло)

Роберто Манчини може разумно да тврди дека е човекот што ја спаси репрезентацијата на Италија.

Кога ги презеде „Азурите“ во Мај 2018 година, една од најуспешните селекции во меѓународниот фудбал беше на дното по нивниот неуспех да се пласираат на Светското првенство во Русија – катастрофа невидена 60 години. Но, Манчини прецизно одработи се и создаде тим со јасен идентитет и ветувачки спој на неколку искусни, но пред се на млади фудбалери.

Атмосферата не може да биде подобра. Националната гордост во италијанскиот фудбалски тим е вратена, предизвикувајќи надеж за иднината со сепак претпазливо верување во тоа што можат да направат на ЕУРО 2020.

Во квалификациите, Манчини го сруши двојниот рекорд на победникот во Светскиот куп, Виторио Поцо, од 30-тите години, водејќи ги „азурите“ до 11 последователни победи. Италија се квалификуваше на три натпревари пред крајот – уште еден рекорд – и победи на секој натпревар за да се најде на првото место во својата група со неверојатна гол разлика од +33. Само Белгија се претстави подобро од нив во квалификациите.

Тие потоа ја освоија минатогодишната група во Лигата на нации, попатно победувајќи ги Полска, Холандија и Босна и Херцеговина.

Годинава пак на стартот од квалификациите за СП 2022 година, Италија славеше на трите стартни натпревари против Северна Ирска, Бугарија и Литванија и сега нема пораз на 25 натпревари, израмнувајќи го рекордот на Марчело Липи кој го освои Светскиот куп во 2006 година.

Главната грижа е напаѓачката линија, без разлика што имаа импресивни бројки во квалификациите. Чиро Имобиле, се уште не ја повтори својата извонредна форма од Лацио во дресот на „азурите“. Андреа Белоти исто така не ги прикажува истите игри во Торино и во репрезентацијата. Сепак Италија досега го надмина проблемот со головите откако 19 играчи постигнаа гол за време на квалификациите.

Како и да е, новата генерација на таленти под 24 години, како што е играчот за врска на Интер, Барела, Донарума и Федерико Киеза, ги прават италијанците привлечна страна за гледање.

„Со дополнителна една година, младите момци ќе имаат шанса да се подобрат“, рече Манчини по одложувањето на ЕУРО 2020.

Тој не згреши, со уште повеќе ветувачки млади фудбалери како централниот бек на Интер, Алесандро Бастони и играчот за врска на Аталанта, Матео Песина сега конкуренцијата е уште поголема за место во тимот.

Кој е менаџер на Италија?

56-годишниот Роберто Манчини ја презема Италија во 2018 година.

Поранешниот менаџер на Интер (двапати), Зенит Санкт Петербург, Галатасарај, Лацио и Фиорентина, сепак ги имаше најдобрите денови за време на неговото водење на Манчестер Сити. Освојувајќи ја со клубот својата прва титула во Премиер лигата, Манчини исто така го освои ФА Купот пред отказот во 2013 година.

Манчини ја презеде Италија, која не успеа да се пласира на СП 2018, успевајќи да ја врати на големата врата и сега Италија е на вистинската патека за повторно да стане една од европските сили, иако во никој случај не се најдобри.

Кој е најдобриот играч на Италија?

Многу нешта во Италија се вртат околу еден играч – Марко Верати. Многумина ќе речат дека играч број еден е Бонучи, Киелини или Инсиње, но играта зависи токму од Верати. Тој е одличен под водство на Манчини, диктирајќи игра од централниот дел на теренот, а исто така поседува можност да ја растури противничката игра во средината. Како дел од од ПСЖ уште од 2012 година, Верати има изобилство од европско искуство што недостасува во составот на Италија.

Кој е најдобриот дел од тимот?

Дефанзивата без двоумење. Од секогаш Италија важела за дефанзивна селекција и секогаш ги имала едни од најдобрите дефанзивци во фудбалот воопшто. Така е и сега, без разлика што Манчини се обидува да ја смени филозофијата на игра. Кога во тимот ги имате Киелини и Бонучи немате потреба од грижи. Ако на овие двајца ги додадеме и одличниот сезонава Бастони кои с еочекува да биде нивна замена во иднини, како и Ацерби и Толој, тогаш јасно е дека Манчини нема да има воопшто грижи кога се работи за одбраната.

Предвидување:

Италија секогаш цели високо, па таков е случајот и сега. Но за разлика од предходните шампионати сега никој во Италија не се залетува во очекувањата. Групата би требало да ја минат лесно, но најдоброто од Италија ќе може да се очекува во наредните големи првенства. Нормално, селекција како Италија може да дотурка далеку, дури и до финалето и никогаш не смее да се отпише, но нашите очекувања се дека максимумот на оваа селекција ќе биде четвртфиналето или можеби полуфинале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…