Дома Фудбал Еспањол ја прекина црната серија

Еспањол ја прекина црната серија

Фудбалерите на Еспањол во рамките на 18. коло од шпанската Ла Лига на свој терен го совладаа Леганес со 1:0.

Тимот од Барселона долго се држеше високо на табелата, но потоа ја започна црната серија од шест порази, која со вечерашната победа над Леганес конечно ја прекина.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Единствениот погодок беше виден на самиот старт на натпреварот, поточно во 9. минута, кога Инглезиас со глава ја испрати топката во мрежата после ударот на Лопез кој ја погоди пречката со удар од 40 метри.

Продолжението на натпреварот понуди главно изедначена игра, двете екипи имаа шанси, но Еспањол беше тимот кој на крајот имаше среќа и запиша победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо се сретна со едни од најмоќните луѓе во светот: Мојот син е негов голем фан

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, приреди свечена вечера за с…