Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ериксен тврди: Модриќ не е ништо подобар од мене!

Ериксен тврди: Модриќ не е ништо подобар од мене!

Во недела во Нижни Новгород се игра осминафиналниот натпревар помеѓу Хрватска и Данска на Мундијалот во Русија.

Првата ѕвезда на данската репрезентација, Кристаин Ериксен истакна дека има многу очекувања од него и се спореди со плејмејкерот на „коцкестите“ Лука Модриќ.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Не сум ништо полош од Модриќ. Лука има освоено голем број на признанија. Нормално, има голема помош и од соиграчите во Реал, но игра навистина на високо ниво“, тврди Ериксен и додава:

„Тој е тип на играч против кого е уживање да се игра. Но, во репрезентацијата игра понапред во споредба со Реал Мадрид.

Ериксен на три настапи на СП постигна еден гол и запиша две асистенции.

„Им помогнав на соиграчите да се пласираме во осминафиналето. На мене има голем притисок, но навикнат сум на тоа. Се надевам дека ќе постигнам гол против Хрватска“, истакна Данецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ова е моментот кога Црвена звезда можеше да го нокаутира Порто (Видео)

Црвена звезда доживеа тежок пораз во четвртокот вечер од Порто, бидејќи до 89-та минута им…