Приоритет на Арсенал во зимскиот преоден рок ќе биде Кристиан Ериксен од Интер, пренесуваат медиумите на Островот.
„Топџиите“ сакаат да го засилат тимот во јануари, а тренерот Артета го посочил Ериксен како примарна трансфер цел.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ериксен готово сигурно ќе го напушти Интер во зимскиот преоден рок, па Арсенал сака да ја искористи ситуацијата и веќе стапил во контакт со агентот на данскиот плејмејкер.
Меѓутоа, лондонскиот клуб прво треба да се раздели со Месут Озил, и така да обезбеди средства за платата на Ериксен.
Меѓутоа, „топџиите“ ќе треба да ја победат и големата конкуренција, бидејќи интерес за Ериксен покажува и ПСЖ каде што се очекува за нов тренер да биде назначен Покетино.