Дома Фудбал Италија Епски кикс на Лацио: За Педро Нето 11 милиони евра уплатиле на погрешен клуб!

Епски кикс на Лацио: За Педро Нето 11 милиони евра уплатиле на погрешен клуб!

Тимот на Лацио направи кикс каков што до сега не е виден – 11 милиони евра за Педро Нето место на Брага клубот од Рим ги уплатил на Спортинг Лисабон.

Во Лацио веројатно направиле грешка поради имињата, Спортинг Брага и Спортинг Лисабон, но сигурно требало да бидат повнимателни кога станува збор за 11 милиони евра.

Лацио не бил внимателан, па прво во 2018 година ја уплатил првата рата, а потоа во март и втората за Педро Нето. Двете рати место на Брага биле уплатени на Спортинг.

Ќе потсетиме, Нето во Рим прво пристигна на позајмица со право на откуп. Брага објави дека ќе добие гарантирани 12 милиони евра, 7.5 за позајмица и уште 4.5 за откуп на договорот, за со бонуси трансферот да достигне сума од 17 милиони евра.

Јули 2019. Лацио го продаде Нето н Вулверхемптон за 18 милиони евра.

Во Брага цело време ги чекале парите, но нив ги немало затоа што легнале на сметката на Спортинг. Прво 8.5 во јули 2018, па уште 2.5 во март 2019.

„За жал тоа е грешка на финансискиот сектор. Погрешија поради сличните имиња на клубовите“, изјави генералниот секретар на Лацио, Армандо Калвери.

Интересно што во Спортинг си се правеле „на тошо“ и цело време молчеле надевајќи се дека никој нема да ја сфати грешката. Сепак, грешката во меѓувреме се поправила и Брага си ги добила парите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер и Лаутаро преговараат за нов договор, но…

Интер од пред неколку месеци започна преговори за продолжување на договорот со Лаутаро Мар…