БАРСЕЛОНА во среда го пречекува Јувентус во возвратниот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Во првиот натпревар Јуве ја растури Барса со 3:0.
Италијанскиот шампион заслужи и поуверлива победа против шпанскиот тим бидејќи покрај трите гола пропушти уште неколку големи шанси и комплетно го надигра противникот.
На Барселона сега и е потребен уште еден подвиг како би ја надоместила огромната негатива од првиот натпревар, односно слично издание како против ПСЖ во осминафиналето каде после поразот од 0:4 победи со 6:1 и успеа да помине понатаму.
До победата дојде со општа офанзива и променета формација во 3-4-3. Тренерот Луис Енрике беше присилен на таков ризик бидејќи поинаку не можеше да го надомести огромниот минус. Пред возвратниот натпревар со Јувентус, Енрике најавува поофанзивна игра.
„Како планирам да го поминам Јувентус? Така да ставам се на една карта и заиграме по напаѓачки отколку против ПСЖ,“
Енрике е свесен дека Барса не игра добро, после поразот во Торино, едвај успеа да победи со 3:2 против Реал Сосиедад во Ла Лига:
„Сега сме во деликатна ситуација во која противникот може да ни наштети со помалку труд отколку вообичаено, и тоа влијае на нашата самодоверба, меѓутоа мораме да играме подобро и тоа ќе го видите против Јувентус.“
А до подобра игра ќе дојдат со општа офанзива: „Подвигот кој го направивме протиув ПСЖ ни дава за право да кажеме како истото ќе го направиме и против Јувентус. Дали пак ќе играме 3-4-3? Немаме што да изгубиме, па мислам дека ќе се одлучиме за уште по офанзивен пристап и ќе заиграме со дури 8 напаѓачи.
Барселона секогаш се карактеризира со напаѓачка игра, меѓутоа за победа против Јувентус ни треба хируршка прецизност.“