Селекторот на Шпанија, Луис Енрике е во судир со медиумите во оваа земја кои често пати ја критикуваат неговата работа. Во последното обраќање пред новинарите истакна дека ниту го чита, ниту го слуша она што тие го објавуваат.
Работата на Енрике се следи под лупа откако е на клупата. Медиумите му замеруваат поради стилот на игра и што некогаш не користи класичен напаѓач. Сега проблематичен беше списокот на играчи за завршниот турнир во Лигата на Нации.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ниту читам, ниту слушам, исто како и претходно, затоа што за мене списокот е секогаш ист. Тука се оние кои јас сакам да бидат и во кои имам доверба. Ме прашувате зошто не ве читам? Затоа што за фудбалот знам многу повеќе од вас и знам се што ми треба. Од тоа што вие го пишувате нема нешто што би ме интересирало“, им се обрати Енрике на прес-конференцијата пред денешниот натпревар.
Натпреварот со Италија е закажан за вечерва од 20:45 часот.