Дома Фудбал Енрике го објави списокот на Шпанија – испочитувано барањето на Чави

Енрике го објави списокот на Шпанија – испочитувано барањето на Чави

Луис Енрике денес го објави списокот на репрезентацијата на Шпанија за натпреварите против Албанија и Исланд.

Шпанците почнуваат полека да се припремаат за Светското првенство затоа што веќе го обезбедија пласманот во Катар. „Црвената фурија“ ја очекуваат два натпревари овој месец и тоа против Албанија и Исланд.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Енрике денес го објави списокот за овие два натпревари и направи неколку промени. На списокот се најде и Феран Торес кој прикажува добри настапи во дресот на Барселона, можеби изненадување е што немаше место за Адама Траоре.

На шпанските медиуми интересна им е и ситуацијата што Енрике го испочитува Чави кој побара Бускетс да добие одмор во овие два натпревари.

СПИСОКОТ НА ШПАНИЈА: Унаи Симон, Роберт Санчез, Давид Раја, Ерик Гарсија, Жорди Алба, Маркос Алонсо, Лапорта, Пау Торес, Диего Љоренте, Азпиликуета, Карвахал, Коке, Родри, Перди, Гави, Карлос Солер, Маркос Љоренте, Дани Олмо, Сарабија, Мората, Раул Де Томас, Жереми Пино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвезда на Манчестер Сити ја одложува венчавката поради Светското првенство

Голманот на фудбалерите на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, го одложи своето венчавање з…