Поранешниот англиски репрезентативец Енди Керол (35) кариерата ќе ја продолжи во редовите на францускиот четвртолигаш Бордо, објавија од клубот на социјалните мрежи.
Керол му се приклучува на паднатиот француски гигант од второлигашот Амиен, за кого минатата сезона забележа 35 настапи и постигна четири гола.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Бордо шест пати беше француски шампион, но откако прогласи банкрот во август, испадна во четвртата лига.
Минатата сезона играше во втората лига на францускиот фудбал, завршувајќи на 12. место.
„Енди пристигнува во Бордо за да го засили својот напаѓачки потенцијал. На 35 години има големо искуство, тој е поранешен англиски репрезентативец кој одигра речиси 450 професионални натпревари“, соопштија од клубот.