Дома Фудбал Останато Емотивниот Лаутаро почна да плаче после измената🎥

Емотивниот Лаутаро почна да плаче после измената🎥

Аргентина синоќа пред своите навивачи убедливо го совлада Уругвај со 3:0 во квалификациите за Светско првенство.

Резултатот го отвори Лео Меси, а само неколку минути подоцна Де Паул ја зголеми предноста на „гаучосите“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Конечните 3:0 беа дело на Лаутаро Мартинез, кој веднаш после голот беше заменет, а на клупата не можеше да ги задржи солзите.

„Помислив на моето семејство кое беше на трибините и затоа бев така емотивен. Тоа е голема жртва кога ќе оставите се по страна за да успеете. Моето семејство секогаш беше покрај мене и вечно ќе им бидам благодарен“, изјави Лаутаро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

3.870.000.000 причини зошто Англичаните се пред сите останати! заедно!

Клубовите од англиската Премиер лига потрошија повеќе од кога било претходно во еден транс…