Нови Сад вчера беше погоден од страшна трагедија во која животот го загубија 14 лица откако се сруши дел од Железничката станица.
Србија и целиот регион се потресени од ваквиот трагичен настан, а пораки пристигнуваат од сите страни.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Помеѓу оние кои се огласија е и Новак Ѓоковиќ кој испрати емотивна порака.
„Моето срце е со сите погодени од трагедијата во Нови Сад. Нашето најдлабоко сочувство, мисли и молитивни за семејствата на загинатите“, објави Ѓоковиќ.
Покрај загинатите во трагедијата беа повредени и уште 30 лица, а надлежните и понатаму работат на процена на ситуацијата и обезбедување помош.