Дома Фудбал Англија Емери распали по својот претходник: Ниту еден убав збор за Венгеровата ера и работа…

Емери распали по својот претходник: Ниту еден убав збор за Венгеровата ера и работа…

Шпанскиот тренер, Унаи Емери од оваа сезона е на кормилото на Арсенал, дојде како замена за легендарниот Арсен Венгер кој седеше на клупата цели 22 години.

Последната сезона Венгер ја одработи лошо, Арсенал имаше 63 бода и беше на 6. позиција, најниската во споменатите 22 години.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во разговор за шпанска „Марка“, Унаси Емери зборуваше за Венгер и неговата последна година.

„Со времето само техничките квалитети и офанзивната слобода доаѓаа до израз, но не се водеше сметка за дефанзивната структура. Она што сакам е да ги комбинирам одбраната и нападот и да бидам компактибилни. Арсенал под водство на Венгер беше во пад. Мораме тоа да го сопреме и да почнеме да се качуваме“, истакна Емери.

Арсенал е во серија непобедливост, но и во серија од три меча без триумф, врзаа ти реми резултати и се надеваат на победа пред следниот дуел.

Екипата на Унаи Емери гостува кај Борнмаут во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Само еден фудбалер на Барселона не го славеше победничкиот гол на Араухо, еве и зошто (Видео)

Барселона го совлада тимот на Жирона со 2:1 благодарение на голот во 93-та минута, но цело…