Дома Фудбал Англија Емери потврди: Клубот работи на неколку трансфери!

Емери потврди: Клубот работи на неколку трансфери!

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери не сакаше да одговори на прашањето дали клубот е блиску до реализација на трансферот на Денис Суарез од Барселона.

Меѓутоа, Емери потврди дека клубот работи на неколку засилување кои се очекува да бидат реализирани до крајот на преодниот рок.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Клубот продолжува да работи на неколку трансфери. Имаме проблеми поради повредите на Холдинг, Велбек и Белерин. Тоа е тешка ситуација. Клубот може да потпише со еден или двајца нови фудбалери кои ќе го подигнат нивото“, изјави Емери.

Денис Суарез? Не сакам да зборувам за секој играч одделно. Знам само дека раководството преговара со неколку фудбалери“, додаде стратегот на „топџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер има нов адут во борбата за Коне!

Интересот на Интер за 24-годишниот играч од средниот ред на Рома, Ману Коне, и понатаму е …