Дома Трансфер зона Емери има големи планови – Арсенал спрема големи засилувања

Емери има големи планови – Арсенал спрема големи засилувања

Независно дали ќе се пласира во Лигата на шампиони, или не, Арсенал на лето е спремен да прави вистинска реконструкција на тимот и ќе биде активен на трансфер пазарот.

Англиските медиуми пренесуваат дека Унаи Емери сака да донесе пет нови фудбалери, а приоритет ќе биде засилување на одбраната. „Индепендент“ открива дека главни трансфер мети на „топџиите“ ќе бидат Самуаел Умтити од Барселона и Давид Алаба од Баерн Минхен.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Позади Умтити е тешка сезона со повреди и до сега има одиграно само 9 меча во Примера. Барса сака да го донесе Де Лихт, па Французинот најверојатно ќе ја промени средината на крајот на сезоната, а негов приоритет е трансфер во Премиер лигата.

Ситуацијата со Алаба е поразлична бидејќи Австриецот е незаменлив дел од тимот на Баерн Минхен. Меѓутоа, Баварците на таа позиција го купија Лукас Хернандез, па тоа може да го натера Алаба да ја промени средината.

Неодамна тој јавно призна дека би сакал еден ден да заигра во Премиер лигата и дека од мали нозе навива за Арсенал.

Сепак, на „топџиите“ воопшто нема да им биде лесно да донесат две топ-засилувања особено доколку не успеат да обезбедат пласман во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…