Дома Фудбал Англија Емери добива „смешен“ буџет за летни трансфери

Емери добива „смешен“ буџет за летни трансфери

После поразот од Челзи во финалето од Лига Европа, менаџерот на Арсенал Унаи Емери изјави дека неколку играчи треба да заминат и да бидат заменети со поквалитетни.

Шпанецот има свој план за летни засилувања, но сопствениците ќе му остават многу мал буџет на располагање, откриваат медиумите на Островот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Имено, сумата е смешна за стандардите во Премиер лигата и изнесува 45 милиони фунти. Доколку Арсенал го победеше Челзи и обезбедеше пласман во Лигата на шампиони, тогаш буџетот ќе беше двојно поголем.

Проблем е што Арсенал трета година по ред не успева да се пласира во најелитниот турнир, па приходите на клубот се значително намалени.

Емери од раководството побарал да му бидат донесени Вилфред Заха, Упамекано и Џејмс Мадисон, а само првиот е двојно поскап од целиот буџет кој ќе го има на располагање.

„Топџиите“ ќе се обидат да продадат неколку свои фудбалери со цел да имаат поголем буџет за трансфери ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Случајност или „проклетство“? Сака на 16-ти април не треба да шутира пенали!

За среќа, Арсенал против Реал Мадрид имаше доволна предност од првиот меч во четвртфиналет…