Дома Фудбал „Ел Класико“ повторно во непопуларен термин

„Ел Класико“ повторно во непопуларен термин

„Мундо Депортиво“ пренесува дека дербито меѓу Барселона и Реал Мадрид на 24 октомври ќе се одигра во необичен термин.

Иако ноќните термини се резервирани за големите натпревари, сепак каталонскиот медиум пишува дека дуелот меѓу двата шпански гиганти ќе се игра многу порано. Во игра се термините од 13 и 16 часот, за да може да се задоволат и гледачите од азискиот пазар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


И минатото „Ел Класико“ требаше да се игра од 13 часот, но поради нередите во Каталонија беше одиграно на 18 декември наместо на 26 октомври, и тоа во ноќен термин.

Во сезоната 2017/18 првото „Ел Класико“ се играше од 13 часот, додека второто на „Камп Ноу“ почна во 16.15 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aнчелоти нема дилеми: Ова се најдобрите фудбалери кои ги тренирал!

Нема сомнение дека Карло Анчелоти е еден од најдобрите фудбалски тренери на сите времиња. …